Данела Арсовска ќе биде политичка ривалка на Димитар Ковачевски, Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев во изборната единица 1 на претстојните парламентарни избори како претседателка на Нова Алтернатива.
Градоначалничката на Скопје го објави тоа во гостување на ТВ24, потенцирајќи дека е подготвена за дуел со најголемите политички партии во земјава.
„Одиме на избори и ќе се измериме колку се. И да се 100, наши си се тие 100 и ние гордо ќе си ги носиме. Меѓутоа, ако се неколку илјади, па неколку стотици илјади“, рече Арсовска.













