Маж на 61-годишна возраст, државјанин на Македонија, е пронајден мртов во мотел во областа на градот Урошевац, јави дописникот на МИА од Приштина.
Портпаролот на полицијата, Канун Весели, во изјава за медиумите информира дека телото на македонскиот државјанин било пронајдено вчера околу 16:35 ч, а смртта е констатирана од лекарски тим.
Тој рече дека полицијата излегла на местото на настанот, додека по налог на надлежен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина. Случајот се води како „истрага за смртен случај“.