Крилото на Таравари најави дека денеска во 19 часот ќе одржи вонреден конгрес на партијата.
Информацијата на социјалната мрежа Фејсбук ја објави Халил Снопче, пратеникот од Алијанса за Албанците, кој изминатиот период му даде поддршка на Таравари.
Од таму најавија и прес конференција за денеска во Тетово, а на неа според соопштението ќе се објават детали за последните случувања во партијата.
Приврзаниците на Села, пак, соопштија дека нема промена на претходно закажаниот термин за конкрес и дека истиот ќе се одржи во недела во 13 часот, на кој, после одржаното Централното собрание ќе се одлучува за иницијативата за разрешување на претседателот на партијата Арбен Таравари.
Вчера од градскиот плоштад во Гостивар, актуелниот лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ја објави кандидатурата за претседател на државата.
Таа, како што кажа, е на предлог на Претседателството на партијата и со поддршка од опозициските партии на Албанците, здружени во коалицијата „Европски сојуз за промени“.