Вести Македонија

Абдуш Демири стана единствен кандидат за член на ДИК

Абдуш Демири од БЕСА е на чекор до членство во ДИК. По двомесечен застој во постапката,  Комисијата за избори и именувања со 10 гласа „за“ и 1 „воздржан“ го назначи за единствен кандидат.

Неговиот против-кандидат, Зулфи Адили од Алијанса, поддржан од Европската народна партија, завчера ја повлече пријавата и веднаш беше именуван за директор на Агенцијата за странски инвестиции.

Државната изборна комисија цела година работи со 6 наместо со 7 члена. Постапката во Собрание се проблематизираше со барањето на Алијанса да го задржи местото во ДИК иако стана владеачка партија, додека Европскиот сојуз за промени инсистираше на својот предлог како втора опозициска коалиција. Највисокиот изборен орган има 7 члена, од кои четворица се бираат по предлог на власта а тројца се предложени од опозиција. Поради проблематизирање на овој принцип, Европскиот сојуз за промени од декември ја бојкотира работата на Собранието.

В понеделник на собраниската координација ќе биде договорено кога оваа точка ќе биде ставена на пленарно изјаснување. За предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на ДИК – треба да гласаат најмалку 80 пратеници.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе