Вести Македонија Топ вести

Општина Сарај гради паркинг во дворот на поранешниот Хотел Сарај

Hotel Saraj Parking Хотел Сарај паркинг

Општина Сарај го узурпира дворот на Хотел Сарај, обвинува фирмата Македонија турист. Градоначалникот Блерим Беџети, пак, вели дека се работи за државно земјиште и оти градат паркинг кој е во интерес на сите граѓани.

Претставници на Македонија турист денеска одржаа прес-конференција пред празниот објект, во кој порано беше сместен Њујорк универзитетот Скопје, додека багерите работа во дворот на објектот.

Според проектот, паркингот влегува 20-тина метри од оградата на поранешниот хотел.

Објектот, наспроти Општина Сарај, е во сопственост на Македонија турист, а земјиштето е на Република Македонија, но во имотниот лист пишува дека тие имаат владение врз дворот. Фирмата побарала приватизација на дворното место.

„Без да се расчистат имотно-правните односи за ова земјиште, Општина Сарај донела одобрение за градење, на кое истиот ден кога го донела ставила печат на правосилност, и без да постои каква било судска одлука, решение за одземање на владението на Македонијатурист, кое го има 60-години на оваа локација, пристапиле кон градежни активности кои може да се забележат. Не се чека да се завршат никакви постапки во врска со законитоста на тоа одобрени за градење“, вели Драган Алексов, адвокат на Македонијатурист.

Градоначалникот на Сарај Блерим Беџети, пак, вели дека тие ги запазиле сите постапки и издале одобрение за градба, согласно законот. Паркингот е во интерес на сите граѓани. Ако Македонија турист смета дека е оштетена, може да се жали на суд, вели тој.

„За сè има органи, второстепени органи каде што може да се жалат, каде што се жалеле во Министерството за транспорт и врски, има одговор за ова. Може да се жалат и на други места. Факт е дека има процес за легализација, но тоа не значи дека земјиштето, сè што е во таа катастарска парцела, априори треба да му припадне на еден сопственик кој има такво барање. Јас водам општина, не водам суд. Тие може да бараат, мене кога ќе ми стигне, јас постапувам по одлуки на органи, а не по желби на Македонија турист“, вели Беџети.

Македонија турист смета дека со тоа што Општината сака да им одземе дел од дворот кој излегува на главната улица, сака да им го обезвредни објектот.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе