Претседателот на собранието Јован Митревски ги распиша претседателските избори за 24-ти април и осми мај, кога треба да се одржат и парламентарните избори.
Очекува дека изборите ќе бидат фер и демократски. Ова ќе бидат седми претседателски и 11-ти парламентарни избори.
Партиите допрва треба да ги објават кандидатите за претседател и за пратеници. Согласно Изборниот законик, роковите за спроведување изборните дејствија почнуваат да течат од денот на нивното објавување во Службен весник.
Митревски верува дека, во изборниот период што претстои, сите надлежни институции, но и сите инволвирани субјекти ќе дадат свој придонес за фер и демократски изборен процес.
Согласно членот 8а од Изборниот законик, од денеска до завршување на изборот на претседател и пратеници во Собранието, како и изборот на Владата, не може да се почне со изградба со средства од буџетот, од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија.
Исто така, не може да се отуѓува државен капитал или да се потпишуваат колективни договори.
Нема да може да се почне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување, освен во случаи на итни и неодложни работи.













