Вести Македонија Топ вести

Не е дискриминација, туку нееднаков третман – КСЗД за оние кои платиле за возачки и сообраќајни дозволи

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) смета дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле и повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата.

Нивниот став доаѓа по повод вчерашната одлука на Владата за бесплатно вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи.

„Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата“, стои во соопштението од КСЗД.

Оттаму потсетуваат дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи.

„Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита, итн. Ги поздравуваме мерките кои ги презема Владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните“, дополнуваат оттаму.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе