Македонија Топ вести

Марковска во Топ Тема: Не можеме да преговараме за идентитетот, јазикот и малцинствата

Поранешната пратеничка, Ѓулистана Марковска, во вечерашната Топ Тема, на прашањето дали идентитетските прашања треба да бидат дел од евроинтеграциите и подложни на вето на некоја земја членка, оцени дека тоа апсолутно не треба да се случува.

“Ние може да бидеме дел од ЕУ и да почнат преговорите, меѓутоа за идентитетот, за јазикот, за малцинствата кои се присутни секаде на Балканот и во сите земји, не можеме ние да преговараме” – оцени Марковска.

Таа посочи дека стравува од замки од било која држава, вклучително и Бугарија, додавајќи дека за неа подобро е Македонија да почека, затоа што како држава сме направиле се што треба, па дури и на сметка на своето достоинство.

“Ако е христијански кога ќе ви удрат шамар, вие да го свртите другиот образ, ние буквално дозволивме да не газат и повторно да викаме: “да, повелете” – оцени Марковска.

Таа изјави дека тоа не значи дека треба да се прекине со разговорите, туку да си ја устроиме државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна зграда во Ираклион, издадено предупредување за цунами – силен земјотрес во морето кај Крит

Дејан Дејан

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе