Вести Македонија Топ вести

(видео)Има сериозни елементи за покренување постапка пред Уставниот суд, истакна Прешова во Топ Тема

Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас за хаосот со личните документи, порача адвокатот Туфегџиќ во вечерашната Топ Тема. На сериозен проблем со почитување на човековите права, укажа и универзитетскиот професор, Денис Прешова.

Има сериозни елементи за покренување постапка пред Уставниот суд, во непостапувањето на државните органи за исполнување на условите за спроведување на Преспанскиот договор и ограничувањето на слободите и правата на граѓаните, поради неиздадени документи.

„Нашите власти одлучија да не затворат, нелогично тотално. Има одлука на Уставен суд од 2014 каде стои многу јасно дека почитувањето на обврските од меѓународни договори, тогаш се однесуваше на безвизниот режим, миграциските правила… како принцип Уставниот суд, кој во оваа одлука добро образложил, дека не може државата да се повикува и владата на своите меѓународни обврски преземени од меѓународни договори, не го прифатила како аргумент, и утврдила дека тие законски одредби, како и оваа законска одредба за измена на законот за патни исправи од 2021 е апсолутно не е неопфоден и е тотално препрополционален бидејќи по автоматизам оневозможува лица без новите документи да ја напуштат државата. Таа цена е преголема и нашите власта ја допуштија и ја одбрале самите, а не морале тоа да го прават. Имало начини по дипломатски канали и претходно да искомуницираат далеку од очите на јавноста. Одговорноста е апсолутно на нашата страна и одлуката на Уставниот суд е апсолутно применлива, истакна рече Денис Прешова, универзитетски професор.

„Треба да се вратиме назад неколку години за да дојдеме до причината на ова што денеска ни се случува. Ниту еден граѓанин нема воопшто да размислува за правна постапка туку вниманието му е насочено како да обезбеди документи. За оваа ситуација мора да се обезбеди постапка и Јавното обвинителство е вистинското место за тоа. Обвинителството мора да отвори предистражна постапка по допрен глас“, вели адвокатот Туфегџиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК: Мешањето во судството предизвикува загриженост

Дејан Дејан

Во ек на пожари се бараат ресурси, доброволците ќе добиваат по 20 илјади денари

Дејан Дејан

Пожар во отпад за старо железо – чадот го покри Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе