Кошарка Спорт

Јанис подобар од Јокиќ, а Дончиќ запиша нов трипл-дабл за Далас (ВИДЕО)

Во дербито во НБА-лигата утринава, Милвоки на домашен паркет го совлада Денвер со 112-95. Јанис Адетокумпо имаше 36 поени, 18 скока и пет асистенции, додека Демијан Лилард имаше 18 поени. Кај шампионот, очекувано најдобар беше Никола Јокиќ со 29 поени, 12 скока и 8 асистенции, но немаше доволно помош од соиграчите.

Лука Дончиќ стигна до десеттиот трипл-дабл сезонава во победата од 112-104 против Вашингтон. Словенецот постигна 26 поени, 15 асистенции и 11 скока. Кајри Ирвинг исто така имаше 26 поени за Маверикс, додека кај гостите Дени Авдија со 25 поени беше најефикасен.

Првиот пик на драфтот Виктор Вембањама со необичен трипл-дабл го водеше Сан Антонио до триумф од 122-95 на гости кај Торонто со што Спарс ја прекинаа низата од седум порази по ред. Французинот имаше 27 поени, 14 скока и 10 блокади. Вембањама е само четвртиот руки, а прв уште од Дејвид Робинсон во 1990 година што запишал трипл-дабл со 10 блокади.

На останатите натпревари, Минесота како гостин го победи Лос Анџелес клиперс со 121-110, Голден стејт исто така оствари гостински триумф кај Јута со 129-107, а победи остварија и Њу Орлеанс, Хјустон, Чикаго, Филаделфија и Шарлот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе