Вести Македонија

Пендаровски и Агелер на средба за политичките случувања и изборите

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со американската амабасадорка  Анџела  Агелер со која разговараше за политичките случувања во земјата по формирањето на преодната Влада и во пресрет на изборниот процес, како и за севкупниот развој на билатералните односи меѓу двете држави.

„Претседателот Пендаровски на средбата истакна дека Северна Македонија во континуитет посветува посебно внимание на развојот на пријателските односи и билатералната соработка со САД, при што беше истакнато дека тековниот Стратешки дијалог е можност за конкретизирање на нашата соработка во сите сфери од заемен интерес. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на американската поддршка за продолжување и интензивирање на реформскиот процес во контекст на реализација на европските аспирации на државата“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе