Вести Македонија

Министрите од АА, Алиу и Меџити: Нема да поднесеме оставка, партијата е единствена и Таравари е легитимниот претседател

Нема да поднесеме оставка, ниту цениме дека партијата ќе бара наше разрешување, изјавија вечерва министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерот за здравство, Фатмир Меџити.

Според нив, Алијанса за Албанците е единствена партија, нема крило, има легитимни органи и легитимен претседател – Арбен Таравари.

На пресконференцијата, која не им беше дозволено да ја одржат во владата и наместо тоа беше одржана надвор пред зградата на владата, Алиу рече дека група во партијата, за нејзини цели, се здружила со ДУИ и прави притисок за Алијансата за Албанците да оди заедно со ДУИ на изборите.

Двајцата министри обвинија дека надвор од сите процедури биле отфрлени сите точки на дневниот ред кои тие ги предложиле.

Артан Груби одлучуваше која точка ќе помине, а која не. Груби сите проекти за кои се надлежни минстерствата за информатичко општество и за здравство само ги исчита и потоа ги отфрли, а тоа, за жал, техничкиот премиер Џафери само го аминуваше, рече алиу.

Министрите од Алијанса за Албанците информираа дека на денешната седница биле разрешени двајца директори кои доаѓаат од редовите на АА, и изразија очекување дека владата ќе продолжи да врши притисок врз партијата со дополнителни разрешувања на нивни членови од извршни функции.

Една точка од владината седница беше за разрешување на двајца директори, исклучителни активисти на Алијанса за Албанците. Станува збор за Бујаре Абази од функцијата директорка на Пошти на Македонија и Газменд Абдија, од позицијата директор на Агенцијата за странски инвестиции. Тоа е фрлање масло во огнот од страна на ДУИ, бидејќи кадровските прашања треба да се синхронизирани на ниво на владина коалиција, а потоа евентуално да се најдат на владина седница. За жал, „за“ гласаа двајца заменици министри од редовита на Алијанса за Албанците, Тирон Јајага и Вјолц Бериша. На мојата забелешка како тоа тие две точки за директорите се најдоа на дневен ред без моја консултација како надлежен министер за такви прашања, Артан Груби само одговори дека така мора да биде, тие мора да бидат разрешени, рече Алиу.

И Алиу и Меџити напоменаа дека како министри постигнале одлични резултати, работеле одговорно, чесно и транспарентно и тоа, веројатно ѝ пречи на оваа влада.

Ќе се бориме до крај за да докажеме дека ова што се случува со активистите во нашата партија, прво не е во ред и не е демократски и најверојатно им пречат резултатите што ги имаат министрите на АА. Најверојатно очекуваат да нѐ фатат на кондиција да дадеме оставка, но од вечерва им велам, дека оставка од нас нема да има. Ако имаат други можности и методологии нека пробаат, изјавија Алиу и Меџити на прес-конференција пред Владата.

Кадровската комисија на АА претходно попладнево одлучила да му предложи на техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министрите Алиу и Меџити.

Кадровската комисија на Aлијанса за Aлбанците бара од Џафери разрешување на Меџити и Алиу

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе