Вести Македонија

Сопре исплатата на боледувањата, рефундациите и платите – Фондот за здравство стапи во штрајк

Жена во инвалидска количка со часови чека на улица, останатите граѓани стојат пред врата и се расправаат со обезбедувањето, а на врата стојат ливчиња на кои пишува штрајк.

Ваква беше атмосферата денеска пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во центарот на Скопје. Голем дел од граѓаните не успеаа да ги поднесат документите поради тоа што обезбедувањето им кажало дека вработените во фондот штрајкуваат.

„Јас дојдов да заверам документи за помагала, но обезбедувањето тука ми кажа дека штрајкуваат“, вели еден државјанин.

„Ако му завршам работа на синот ќе земе плата, ако не нема да земе“, вели една жителка.

„Ги поддржувам кога можат да се најдат пари за поголеми проценти веројатно и за нив треба да има“, вели една граѓанка.

Иако беше кажано дека еден вработен ќе биде задолжен за итните случаи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и  лекување во странство за итни случаи, сепак вратата беше заклучена и до неа имаше обезбедување.

Иста е сликата и во Тетово. На вратата пишува штрајк и сите граѓани се враќаат дома без решение на проблемот.

Во Струмица граѓаните биле информирани дека фондот штрајкува и во период од повеќе од половина час никој не дојде.

Штрајкот во Фондот за здравство ќе трае се додека Владата не одлучи да не се намалат нивните плати.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе