Вести Македонија

Нема паразити во рибите од Дојранското езеро

Лажната вест дека рибите во Дојранското Езеро имаат паразити штетни по чековековото здравје ги вознемири дојранчани. Видеата коишто се шират деновиве низ социјалните мрежи шпекулираат дека во рибите караш, плашица и костреш има опасни паразити, на што реагираа и надлежните институции. Концесионерот на Дојранското Езеро ги покажа документите од последните контроли на Агенцијата за храна кои покажуваат дека рибите се безбедни.

 Угостителите сметаат дека лажните вести се удар врз и онака кревката туристичка сезона. Според нив, непроверените информации се на штета на Дојран.

Надлежните потврдија дека се прават редовни контроли и досега нема забележано никаов проблем со заболување кај рибите.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе