Вести Македонија Топ вести

Болните и затворениците денеска гласаат за градоначалник на Штип

65 -годишната Стојна Здравевска од штипската населба Македонка е една од 66- те болни и немоќни лица, кои денеска го остваруваат своето право на глас на изборите за градоначалник на Општина Штип. По третпат гласа дома и смета дека изборите се свечен чин.

Во општина Пласница гласаат 76 болни и немоќни лица. Проблеми при денешното гласање нема во двете општини. Гласаат и осудените лица во затворите низ земјава, од двете општини на избирачките места кои се отвараат и зтавараат во регуларниот термин правото на глас можат да го исполнат 68 осуденици, од кои 67 од Штип и еден од Пласница. Во штипскиот Затвор до пладне гласаа 40 отсто од избирачите, а на избирачкиот список се запишани 40 лица.

Вчера гласаа и болните од ковид и изолација, за утре гласачките места се отвараат во 7, а ќе се затворат во 19 часот. Во Штип право на глас имаа 41.777, кои гласаат на 77 избирачки места, додека во Пласница запишани се 4.954 граѓани, а се гласа на 9 избирачки места.

Викторија Јовановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе