Пјаченца, град со околу 100,0000 жители, а секој 10 ти потекнува од Струмица и околијата. На црно, а потоа со бугарски пасош живеат и работат иселниците кои со години го населуваат овој но и други градови во Италија, се неофицијланите податоци на тамошното здружение на македонците. Но, патот до Пјаченца или други градови во европската унија започнува во амбсадата на Бугарија со барање за државјанство и патна исправа. Причините за заминување се многу, цената за пасошот ниска, а одговорот од бугарските власти не подолг од 36 месеци, отворено збруваат струмичани на оваа тема за камерата на Телма.
Бугарскиот пасош не те прави бугарин по националност, туку ти отвора можност да станаеш граѓанин на европската унија е оценката на социологот и универзитетски професор Горѓи Тоновски, откако Бугарија ја отвори оваа тема во нивниот парламент.
Заостраната реторика меѓу двете земји по неодманешто вето за ЕУ ги отвори прашањата за малцинства, етничкото потекло и идентитот. Според Тоновски, токму европската унија е виновна за оваа состојба, бидејќи предолго земјата е надвор од европското семејство на држави кои нудат подобра егзистенција и квалитет на живот.
Одлуката да се стане Бугар на хартија во измиантите 10 години ја донеле над 70, 000 македонски граѓани, а властите во Бугарија дале зелено светло за што потврди и тамошното минситерство за правда во вчерашната расправа во собранието на Бугарија, но колкав е вкупниот број на издадени пасоши на македонески граѓани сеуште нма официјална бројка од надлежните инистуции на двете земји иако оваа појава од одамна е веќе занимање на голем број граѓани кои што посредуваат и заработуваат огромни суми за вониниституционални услуги.
Павле Беловски
