Новата работна недела ни носи уште потопло време. Во понеделник ќе се задржи стабилно, сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Во Скопје претежно сончево и тивко.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -2 до 6°C, а максималната од 12 до 20°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-6 Берово, -4 Скопје-Петровец, Битола, Демир Капија, -3 Струмица, -2 Претор, Прилеп, Штип, Кавадарци, Велес, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Дебар, 0 Крива Паланка, Куманово, 1 Гевгелија, Виница, 2 Крушево, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 7 Дојран.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
9 Маврови Анови, 1 Попова Шапка.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 3.5, Дојранско Езеро 6.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
