Нова жртва на Ковид меѓу здравствените работници. Битката за живот ја загуби 41-годишниот лекар Дашмири од гостиварско Боговиње. Во пораките за сочувство на неговите сограѓани пишува:
„41-годишниот пријател од селото Боговиње ја изгуби битката со Ковид-19. Лекарите се најголемите борци против секој вирус и против секоја болест во време на пандемија. И ако ги загубат нивните животи за време на овие сериозни битки, тие се жители Рајот“.
Од почетокот на пандемијата повеќе здравствени работници ја загубија битката за живот. Денеска јавноста ја возменири и веста за смртта на доктор Дашмири.
