Вести Македонија Топ вести

Касами: Разговаравме со Таравари за да биде кандидат за претседател на државата

Претседателот на Движењето Беса и градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами во синоќешното гостување во емисија на Радио Телевизија Косово нагласи дека е разговарано со претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари тој да биде претседателски кандидат.

Да, разговарано е со Таравари да биде претседателски кандидат и се гледа како соодветен албански кандидат на овие избори, потенцираше Касами.

Првиот човек на Беса истакна дека косовскиот премиер и претседател на Самоопределување Албин Курти заедно со претседателот на косовското Собрание Глаук Коњуфца биле дел од изборните кампањи во неколку изборни циклуси.

Сега ќе имаме иновации, каде претставници или високи експоненти на Движењето Самоопределување на Косово, но и кои се државјани на Северна Македонија, ќе бидат дел од изборните листи за пратеници во листите на здружената опозиција, рече  рече Касами

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе