Вести Македонија

Трендафилов: Ме интересира кој е маж во владата да крене два прста за одземање на домот на ССМ

Ако овие врховни судии не си поднесат оставка до петок, членството на ССМ ќе покрене постапка пред судскиот совет, се закани синдикалецот Слободан Трендафилов. Тројцата судии, тврди Трендафилов, не ја почитувале ниту одлуката на Уставниот суд од 1992 година, ниту пресудата на Врховниот суд од 2004-тата година во која се одбива барањето за одземање на имотот на ССМ.

„Многу ми е жал што овие врховни судии не знаат дека од 2010 година има нов закон за здруженија и фондации во кој во членот 2 се наведува дека одредбите од овој закон не се однесуваат на политички партии, цркви, верски заедници, религиозни групи, синдикати, комори и други видови на здружување утврдени со посебни закони“, изјави Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Од ССМ се сомневаат дека под политички притисок е донесена одлуката и, како што велат, најмалку што можат сега да сторат судиите е да донесат нова пресуда со која ќе ја поправат старата.

„Се сомневаме во корупција од најголеми размери на политичко влијание и политички притисок за носењето на ваквата одлука за да се одземе работничкиот дом од работниците. Мене ме интересира кој е тој маж во Владата што ќе донесе одлука, бидејќи мора да биде со одлука на Владата кога ќе донесе одлука овој објект да се впише на име и сметка на државата. Ме интересира кој ќе биде тој маж во владата што ќе крене два прста за да се одземе работничкиот дом на работниците. Ако мисли дека ќе биде функционерски дом да ги подготват нивните канцеларии, ние таму ќе работиме“, додаде Трендафилов.

Телма стапи во контакт со тројцата посочени врховни судии. Шпенд Деваја рече дека нема коментар за оставката и додаде дека одлуката не е лична туку на советот при Врховниот суд и е донесена согласно уставот, законот, меѓународните прописи и слободно судско уверување. Исамедин Лимани рече дека нема да ги коментира обвинувањата од ССМ и ставот на оваа тема го кажал во пресудата. Георгиев пак најави дека утре ќе се произнесе.

Во советот учествувале пет судии, но според Трендафилов овие тројца гласале имотот на ССМ да премине во рацете на државата.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе