Вести Македонија Најважни

Герапетротис: Договорот од Преспа е меѓународен и не може еднострано да се менува

Договорот од Преспа е меѓународен, има сила над сите законски одредби и не може еднострано да се менува од никоја од двете страни, порача министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија посочи дека Нова демократија навремено излезе со ставови за Договорот од Преспа за точките кои тие ги сметале за проблематични, но истакна дека сега, не може да се модифицира, а Грција го следи доследното и строго почитување.

„Континуирано имам истакнато дека Договорот од Преспа претставува меѓународен договор. Беше изгласан од грчкиот Парламент и како што налага Уставот, овој Договор има сила над секоја друга законска одредба, што значи дека не може еднострано да се смени од која било од страните. Нова демократија навремено ги изнесе позициите во однос на оние точки кои беа проблематични во Договорот од Преспа. Навремено посочи дека ќе постојат прашања и во имплементирањето. Денес сме уставно обврзани да го спроведуваме овој Договор и не е можно еднострано менување. Но, она што мора да го правиме и го прави Грција е да го следи доследното и строго почитување“, истакна Герапетритис од Парламентот.

Во однос на обврската за промена на пасошите и регистарските таблици на возилата до 12 февруари, шефот на грчката дипломатија посочи дека постојат јасни одредби и временски рокови кои мора да се почитуваат. Додаде дека Министерството за надворешни работи ќе биде строго во однос на предвиденото од Договорот од Преспа и Грција ќе инсистира на верно почитување на обврските кои произлегуваат.

За трите меморандуми со Северна Македонија кои сè уште не се донесени за ратификација во грчкиот Парламентот, Герапетритис рече дека „апсолутно зависат од верното и строго почитување на одредбите на Договорот од Преспа“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сета медицинска документација и фискални сметки за постапка за надомест на штета – правни механизми пред гостиварци кои може да поднесат и приговори за јунските фактури за вода

Sasko Dimovski

(Видео) Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, чадот стигна до автопатот – интервенираат „ер трактори“

Kristina Kuzmanovski

Не споделувајте лични податоци и броеви на банкарски картички – МВР со предупредување до граѓаните за нов бран на лажни пораки за „Безбеден град“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе