Спорт Фудбал

Македонија ќе игра пријателска со Чешка во Прага

Македонската фудбалска репрезентација договори нов силен пријателски натпревар во месец јуни. Нашите најдобри фудбалери ќе и гостуваат на Чешка, која ќе се подготвува за Европското првенство.

Македонија на 3.јуни има договорено пријателска со Хрватска во Ријека, а седум дена подоцна ќе гостува и во Прага кај Чешка. Тоа ќе бидат исклучително силни контроли за нашиот национален тим, кои ќе му послужат на селекторот Благоја Милевски добро да ги подготви фудбалерите за натпреварите од Лигата на нации, кои почнуваат во септември.

Противникот бараше натпревар против нас, а тоа е потврда и за нашиот квалитет. Репрезентација на Чешка, учесник на претстојното Европско првенство, ќе биде поттик за нашата репрезентација да влезе во натпреварувачки ритам пред да започнеме со официјалните натпревари од новото издание на Лига на нации“, рече селекторот Милевски за интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија.

Репрезентацијата на 8.февруари ќе ги дознае противниците во својата група во рамки на Лигата на нации во Ц-дивизијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе