Вести Македонија Најважни

Приведен поранешниот директор на Онкологија Нино Васев

Телма дознава дека меѓу неколкумината приведени е и поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев.

Се вршат претреси кај осум лица опфатени со истрагата за случајот „Онкологија“ по наредба на јавното обвинителство, потврдија за Телма извори од ОЈО.

Полициски екипи вршат претреси како на Клиниката за Онкологија во Скопје, така и на други локации, на лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот „Онкологија“.

Претреси имаше и пред неколку месеци, по што обвинителството отвори предистражна постапка.

Како што дознава Телма три лица се избегани во странство додека траела предистрагата.

Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информираат од Министерството за здравство.

Случајот „Онкологија“ се однесува на истрагата за кражбата на цитостатици и нивна злоупотреба.

Случај „Онкологија“: Претреси кај осум лица, тројца избегале во странство

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ситуацијата во Нова Каледонија е релативно мирна по пристигнувањето на 1.000 полицајци

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе