Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сѐ уште нема потерници по босот Муареми и неговата група Грчец/Дуќанџик

/

Македонија

Сподели преку :

Апликацијата Скај треба да донесе информации за корумпорани судии, обвинители, државни службеници и полицајци кои наместо против криминалот се бореле да му служат на босот од Грчец, Шеваљ Муареми. Ниту 4 дена по објавената информација нема детали за кои поединци во правосудството и полицијата стнаува збор. Нема ниту распишана потерница по главниот бос Муареми кој е во Дубаи и по неговите соработници во злосторствата.

На сајтот на МВР се уште нема поставено потерници по 10-мината избегани од групата Грчец на чело со водачот Шеваљ Муареми. Надлежно за распишување е обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бидејќи судот на сите бегалци веќе им определи притвор од 30 дена кога ќе бидат обезбедени и уапсени.

За босот Муареми се знае дека е во Дубаи, а двајца негови главни помошници се најверојатно во Косово и во Шпанија. Истражните органи очекуваат дека сите бегалци, особено оние кои се во земјите на Европската Унија ќе бидат уапсени и испорачани. Но, за да почне процесот првин треба меѓународни потерници.

5-мина се во притвор, а на 6-тиот уапсен, судот му го одзеде пасошот. Полицијата и обвинителството за гонење на организиран криминал дознале многу детали за злосторствата на групата од Грчец преку запленетите комуникации и пораки на припадниците кои комуницирале по апликацијата Скај.

Таа апликација има можност да ги шифрира пораките со што може да ги читаат само оние за кого тие поракиу се наменети, додека на други уреди пораките и сликите од Скај не може да се отворат. Поради тоа била омилена и меѓу балканските криминалци меѓу кои и групата Грчец.

Аликацијата е згасната во 2021-ва кога белгиската полиција прави голема акција и заедно со француските колеги ги запленува уредите и мемориските клауди на Скај. Биле регистрирани над 170 илјади корисници на Скај низ светот, а од нив според сознанија објавени во КОД синоќа, околу 1800 биле профили со уреди на луѓе од Македонија. Европските истражни органи се во процес на симнување на податоци за сите профили и уреди со Скај.

По што би ги допставиле на националните органи да ги истражуваат. Во таа бројка од .1800 македонски профили покрај докази и информации за кривични дела и злосторства, се очекува да стигнат и податоци за подмитување на полициски и други државни службеници, но и информации за одавање тајни од истражни постапки против криминални групи во Македонија.

Веќе беше објавено од МВР дека меѓу соработниците на криминалната група од Грчец имало и вработени во судови, обвинителства и во државните институции, но, досега нема никакви официјални информации за ниту едно такво лице кое било во блиска врска со кланот на избеганиот Муареми.

Миомир Серафиновиќ

Jumbo 2