Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ректоратот е за двојно поскапа партиципација, МОН негира, студентите против

/

Македонија

Сподели преку :

Двојно зголемување на студентската партиципација побара ректорот, министерството за образование и наука (МОН) тврди покачување нема да има, студентите против ваквата одлука. Причина за ваквиот чекор на универзитетот е зголемената инфлација, а финансискиот товар да падне на грбот на министерството, тврди ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова.

„Кога ќе се објават конкурсите ние ќе бараме согласност од Владата да се зголемат трошоците, да се покријат трошоците за студирање школарина и партиципација, меѓутоа единствен услов е тоа да биде на товар на Владата, односно МОН не, на товар на студентскиот стандард“, вели Биљана Ангелова, ректорка на УКИМ.

Студентите да бидат спокојни, зголемување на партиципацијата нема да има тврдат од МОН.

„Ги уверуваме студентите дека ниту една одлука која го засега нивниот образовен процес нема да биде донесена без да бидат вклучени организациите кои ги застапуваат идните академски граѓани. Износите на партиципација остануваат идентични како и досега“, велат од МОН.

Во преписката Ректорат – УКИМ, студентите се плашат дека товарот ќе падне на нивниот грб. Им порачаа „не“ на надлежните за поскапување на партиципацијата.

„Доколку има зголемување на партиципацијата и доколку тоа падне на грбот на студентите, верувам дека студентите не би го прифатиле тоа туку така. Секако како студенти сме многу активни луѓе и во општествениот живот, па верувам дека тоа не би минало толку лесно меѓу студентите. Сепак би повикале на тоа да се задржиме на колку толку бесплатното образование што сега го имаме, наместо да се става уште еден товар на грбот на студентите“, изјави Анисија Угриновска од ОДАС.

Најавите се дека цената на одредени факултети да биде 200 евра за семестар во државна квота на додипломски студии наместо досегашните 100 евра, додека во приватната квота цената да биде 400 евра наместо досегашните 200 евра. Студентското собрание на Филозофскиот факултет при УКИМ закажа втора редовна седница на 1 февруари на која ќе се дискутира токму за предлогот за покачување на партиципацијата која ја плаќаат студентите.

Симона Петровска

Jumbo 2