Лара Гут-Бехрами денеска во Кортина д’Ампецо стигна до четвртата сезонска победа во Светскиот куп во алпско скијање, а втора во супер велесалом.
Скијачката од Швајцарија до триумфот дојде со време од 1:20,75 минути. Зад неа со 21 стотинки послабо време финишираше Стефани Вениер од Австрија, додека трета беше Французинката Роман Мирадоли.
Гут-Бехрами со денешната победа се искачи на првото место во супер велеслалом со 320 бодови и сега има 10 повеќе од Корнелија Хитер, трета е Федерика Брињоне со 246 бодови. Швајцарката ја намали и негативата во однос на Микаела Шифрин во генералниот поредок. Таа сега е втора со 1.014 бодови или 195 помалку од Американката. Трета е Брињоне со 838 бодови.
Скијачките остануваат во Италија, бидејќи во вторник е закажана трка во Кронплац во велеслалом.