Македонија

Еврејската заедница во Македонија бара од актуелните бугарските власти да се извинат за улогата на Царството Бугарија во холокаустот

Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во денешното соопштение јавно ги повика денешните бугарски власти да се соочат со вистината за холокаустот врз Евреите во окупираните територии, за кои е директно одговорна пронацистичката влада на Царството Бугарија, и да се извинат и да ја прифатат одговорноста.

Според еврејската заедницата станува збор за морална обврска за признавање на вината , по примерот на многу европски држави кои биле на погрешната страна за време на втората светска војна, за злосторствата кои нивните претходници ги направиле врз еврејското население во окупираните територии во втората светска војна.

“Колку поскоро демократска Република Бугарија се соочи со болните и мрачни моменти од своето минато, помирувањето е возможно, бидејќи негирањата на злосторствата е прв чекор кон нивно повторување” – се вели во соопштението на еврејската заедница во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Kој ја запали новата „искра“ на релација Скопје-Софија? – сред бел ден опожарени две возила на бугарската амбасада

Дејан Дејан

Муцунски телефонски со бугарската колешка Петрова-Чамова – осуда за инцидентот со опожарените возила

Mirjana Joveska

(видео+фото)Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје- бугарските медиуми го објавија потпалувачот

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе