Со поддршка на УНИЦЕФ, Министерството за труд и социјална политика работи на изготвување програма за детска гаранција, по примерот на земјите од ЕУ. Таа е стратешка иницијатива насочена кон заштита на правата на децата и обезбедување системски пристап до основните услуги. Програмата подразбира намалување на сиромаштијата кај децата , кои потекнуваат од семејства со ниски приходи, но и мерки за пристап на тие деца до социјална и здравствена заштита, образование и намалување на питачењето по улиците. За питачењето, министерката за труд и социјална политика Тренчевска кажа дека е намалено со нивните акции, заедно со МВР, во последниве месеци.
- Овозможи всушност зајакнување на децата, намалување на сиромаштијата преку различни мерки кои ги направивме во делот на измената на Законот за детска заштита. Зголемување на правата, финансиската поддршка во делот на правата од детската заштита. Големиот број на пакети од финансиска поддршка токму за најмалите, всушност на децата од основното и средното образование, кажа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
- Услугите за децата треба да се гледаат како пакет за да се подобри нивната ситуација во државата. И тоа не подразбира само финансиска поддршка, туку и поддршка преку различни услуги, бидејќи за да се намали сложената детска сиромаштијата , треба да се помогне во различни полиња. Како што се социјалната заштита, образованието, партиципативноста. И ни треба гаранција за децата , за да се осигураме дека секое дете има исти можности за да го достигне целиот потенцијал, кажа Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија.













