Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија

/

Македонија

Сподели преку :

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред – Предлог за избор на судија на Уставниот суд.

Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје.

Вчера, во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.

Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади, вели Јовески, додавајќи дека сметал оти процесот е завршен  бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.

Вулгарно изненадување за Јовевски – необјаснето повлекување на номинацијата за уставен судија!

Повлекувањето на кандидатураја без никакви објаснувања и основи е вулгарно. Се чувствувам повреден, не требаше да ме номинираат ако не беа посветени на завршување на процесот, оставајќи ме ранлив на непотребни критики, тврди поранешниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески откако вчера СДСМ ја повлече неговата кандидатура да биде избран за судија во Уставен. Jовески беше… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2