Во петок ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој во делови од котлината ќе засилува.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -7 до 3°C, а максималната од 5 до 13°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-6 Берово, Битола, -4 Дебар, -3 Тетово, Прилеп, -2 Охрид, Претор, Струмица, Демир Капија, -1 Маврови Анови, 0 Штип, Крива Паланка, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Петровец, 1 Крушево, Виница, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, 6 Дојран.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)
16 Маврови Анови, 14 Дебар, 11 Битола, 10 Берово, 8 Ѓуриште, Крушево, Попова Шапка, 4 Тетово, Охрид, 2 Демир Капија.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
Охридско Езеро 6.5, Преспанско Езеро 3.5, Дојранско Езеро 5.2
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/
