Хируршките сали во штипската Клиничка болница се затворени. Во нив интервенции не се извршуваат, откако дел од перосналот се заразил со коронавирусот, а останатиот се во изолација. Операции на катаракта на очите не се извршуваат и на очно, бидејќи медицинските сестри се ангажирани во регионалниот Ковид центар, но и апаратот е расипан, во функција ќе се стави за еден месец.
Стабилна е состојбата со прием на пациенти во регионалниот Ковид центар, каде што денеска се лекуваат 58 пациенти, а двајца од Кочани и Радовиш починале. Во ноември потрошени се 15 тони кислород, а за новиот налет на пациенти во болницата набавени се и 15 нови кислородни боци и регулатори. Но, поради изборите набавките се прават со еден дел од буџетот на болницата, а поголем дел од средствата пристигнуваат по пат на донации од компаниите.
Болницата за наредната година очекува и поголем буџет, преговорите со Фондот за здарвство се за шест дена, а планирани се и над 50 нови вработувања. Под итно се потребни и специјализации за инфектолози, анестезиолози и ортопеди во оваа регионална болница за општините од истокот.
Викторија Јованова