Вести Македонија Најважни

Бучковски со нон пејпер ќе ја „омекнува“ официјална Софија

Специјалниот преставник на Владата, Владо Бучковски, во рамките на официјалната посета на Бугарија денеска се сретна со премиерот Бојккјо Борисов на кого му врачи нон пејпер со кој ќе се обиде да го увери тамошниот државно политички врв дека Македонија нема територијални претензии и не се меша во внатрешните работи на Бугарија.

Од Владата соопштија меѓу двете држави има постојана размена на мислења и идеји и потенцираат дека во нон пејперот нема ништо околу идентитетот и јазикот и дека содржи предлози видувања и идеји кои се дефинирани од националните инетерси а кои вчера ги образложи премиерот Заев.

За бугарскиот премиер Борисов јасно е дека Македонија и Бугарија се две суверени држави и Софија не го оспорува правото на самоопределување, идентитетот и јазикот. Проблем се малцинството и чуството за нарушување на бугарскиот територјален интегритет

Борисов е уверен дека решение за историските прашање ќе се најде, па макар и за 50 или 100 години , но проблем ќе биде како ќе се пишува сегашната историја. Нагласи дека сегашните и идните генерации во двете држави нема да простат што не се постигна компромис.

Бугарскиот премиер додаде и дека е изненаден од вчерашната изјава на премиерот Заев која ја оцени дека не е во складот на европскиот речник.

Препукувањата меѓу опозицијата и власта околу бугарското вето продолжија и денеска. Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ обвини дека бугарскиот премиер Бојко Борисов лично му соопштил дека премиерот Заев тогаш од опозиција му ветил дека ќе ги исполни сите бугарски барања само за да стане премиер а од СДСМ стигна контраобвинување за ширење хистерија, антидржавно однесување и барање за јавно извинување.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Kој ја запали новата „искра“ на релација Скопје-Софија? – сред бел ден опожарени две возила на бугарската амбасада

Дејан Дејан

Муцунски телефонски со бугарската колешка Петрова-Чамова – осуда за инцидентот со опожарените возила

Mirjana Joveska

(видео+фото)Запалени дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје- бугарските медиуми го објавија потпалувачот

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе