Останато Спорт

Крафт победи во Закопане: Австрија ја освои Поплската турнеја (ВИДЕО)

Штефан Крафт победи во Закопане и постави нов рекорд со 109 подиуми во кариерата во рамки на Светскиот куп во ски скокови. Триумфот на Крафт значеше и славје за репрезентацијата на Австрија на Полската турнеја.

Крафт до победата во Закопане дојде со вкупно 323,3 поени и скокови од 137 и 134 метри. Зад финишираше Андреас Велингер од Германија додека трет беше Анже Ланишек од Словенија.
Австриецот сега има седум индивидуални победи сезонава и очекувано е лидер во генералниот пласман со 1.089 бодови, втор е Велингер со 837, а Кобајаши е трет со 736.

Селекцијата на Австрија ја освои титулата на Полската турнеја, па членовите на тимот ќе поделат награда од 50.000 евра. Словенија беше втора, а Германија финишираше на третото место.
Во Светскиот куп следува кратка пауза, бидејќи следниот викенд се одржува Светското првенство во ски летови во Бад Митерндорф.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе