Вести Македонија

Муслиу: Јас и мојата сопруга подолг период сме објект за напад, Ковачки јавно да се извини

Директорот а Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу ги отфрла наводите изнесени на прес-конференција од пратенкикот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

-Ковачки ме обвинува за наводно мое мешање и влијание врз Владата на РСМ за работа поврзана со делувањето на невладиниот сектор во нашата држава, што претставува лага и целосно го отфрлам, вели Муслиу.

Тој вели дека со ова му се нанесува огромна штета како лојален граѓанин на РСМ и посветен професионалец со 31-годишна кариера.

– На мојата сопруга која работи 23 години во невладиниот сектор наменски и’ се прави ова, односно со цел да и’се наштети во активностите кои ги извршува, а имаат благородна намена, додека пак нашите деца ги ставате во опасност со пласирањето на невиситинити информации за нивните родители, се вели во неговата реакција.

Муслиу вели долго време се воздржува да не реагира на сето она што лажно се пласира за неговото семејство трпејќи постојани навреди со погрдни имиња од етнички карактер.

– Нема да ме поколебата да продолжам успешно да ја предводам АР, да го заокружам процесот на реформи и подмладување на нашата Агенција, а мојата сопруга нема да ја исплашите да продолжи со нејзината благородна работа во невладиниот сектор. Постојано манипулирате во јавноста повикувајќи ги ДКСК и ЈО, иако веќе требаше тоа да го сторите пред повторно да ја вртите истата лента полна со лажни информации на оваа прес конференција. Ве упатувам партиската битка за освојување на политичката власт да ја биете на политичко поле со јасни видувања и проекти од корист за нашето општество, како и во Собранието, а не со лажни вести во кои го омаловажувате директорот на Агенцијата за разузнавање, која како важен чинител во системот на национална безбедност се грижи за сигурноста на нашите граѓани и безбедноста на РСМ. На крај, ве советувам јавно да се извините за изнесените ноторни лаги, пишува во реакцијата на Муслиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

„Нема да замолчиме, не ја штитете полицијата“ – пораки од денешниот Марш во Кочани

Дејан Дејан

Арсовска ги донесе доказите во обвинителството – дојде со документи за еден предмет, а најави уште 150

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе