Вести Македонија Топ вести

Грипот, ковидот и настинките ги полнат болничките амбуланти

Вирусот на грип и натаму ги полни амбулантите во Битола. Од Клиничката болница за Телма потврдуваат  дека дневно има над стотина прегледи на повеќе болнички одделенија, од кои најголем број се пациенти со симптоми на висока температура, кашлица, болки во телото и малаксаност.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во целата држава  бројот на заразени е зголемен за 15 проценти во однос на минатата недела. Досега вкупно се регистрирани 3500 случаи на грип и заболувања слични на грипот,  што е за 13 проценти повеќе во однос на истиот период минатата сезона.

„Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој е над неделната граница за сезонска активност има широко-распространета активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% четири недели со ред. Согласно овие податоци, Р.С. Македонија има и висок интензитет на активноста на вирусот на грип, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Најголем број на заболени се на возраст од 15 до 64 години, а инциденцата е највисока кај децата до 4 годишна возраст. Покрај сезонскиот грип,  регистриран е  и врусот на КОВИД-19, како и респираторниот синцицијален вирус.  Оваа сезона од грип почнале 5 лица, сите биле хоспитализирани, имале хронични заболувања и невакцинирани против сезонски грип. Со бесплатна и комерцијална вакцина досега се вакцинирани 60.900 граѓани.

Слична е состојбата низ Европските земји каде активноста на вирусот на грип продолжува да се зголемува, а драстично се зголемува и бројот на хоспитализации на пациенти со сериозни акутни респираторни инфекции.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе