Вести Македонија Топ вести

Со возило се искачиле на врвот од Галичица, заглавиле па барале помош

Спасени се лицата кои со возило рано утринава заглавија на Галичица. Тргнале по патен правец кој подолго време е затворен за сообраќај за моторни возила, а сакале да стигнат до врвот на планината.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи, повикот за помош стигнал во раните утрински часови, а акцијата траела од 5 до 8 часот.

Веднаш била известена Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто итно се упатиле на терен за да помогнат.

Службите веднаш стапиле во контакт со лицата заглавени во возилото и се упатиле кон локацијата.

Од ЦУК воедно потсетуваат дека патниот правец преку Галичица сезонски е забранет за сообраќај од 15 ноември до 1 април и апелираат забраната да се почитува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Меѓаши“ го осудува насилството врз врзаното девојче од струмичко Ново Село

Дејан Дејан

Репортажа на Телма: Црни полиња и пепел по вчерашниот пожар кај Блаце

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе