Вести Македонија

Ноемвриски пад на сообраќајки со потешки последици, министерот Спасовски вели поради контролите е, а не поради возачкиот корона пост

Зголемени контроли од септември поради кои сообраќајците за три месеци пишаа 43.170 казни за разни прекршоци, придонесоа за намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено на оние со потешки последици, тврди министерот Оливер Спасовски при денешната посета на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот во скопски Петровец.

– Анализите покажуваат дека како што течат овие засилени контроли, граѓаните се подисциплинирани во однос на почитување на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајни незгоди особено оние со потешки последици. Бележиме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во октомври 2020 година, а со поголем процент и во месец ноември оваа година. Се разбира, на намалувањето на сообраќајните незгоди односно подигањето на сообраќајната култура влијаат многу фактори, но ние како министерство во овој период сме посветени да ја завршиме нашата задача и тоа како на превентивен, така и на репресивен план, а евидентно е дека резултатите се видливи и посветени сме и натаму да продолжиме со мерките со цел намалување на сообраќајните незгоди, особено оние со потешки последици, рече министерот Спасовски.

Во ноември 2019 година се случиле вкупно 714 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година- 564, што претставува намалување за 21 отсто.

Во сообраќајни незгоди во текот на месец ноември 2019 година животот го загубиле 11, а истиот месец 2020 година седум лица, што претставува намалување за 36 отсто.

Во однос на пешаците, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, за истиот период има намалување за 75 проценти односно во ноември 2019 година загинале четворица пешаци, а во ноември 2020 година – еден.

Намалување има и на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди односно во месец ноември 2019 година 70 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година 37, што претставува намалување за 47 проценти.

Во акциските контроли од вкупно 43170 изречени санкции најмногу 7404 се пријави за возење побрзо од дозволеното, 615 за поминување на црвено светло, 7306 за управување без возачка дозвола, 5829 за нерегистрирани возила, 854 возила за јавен превоз на патници поради техничка неисправност.

– Продолжуваме да работиме интензивно, а, се разбира, сакам и на вас медиумите да ви искажам голема благодарност за соработката и следењето на нашите акциски контроли, со што и вие имате директен придонес за подигањето на сообраќајната култура затоа што само со заеднички напори и континуирано работење можеме да дојдеме до зацртаната цел, побезбедни улици и патишта. Особено сакам да ја потенцирам професионалноста и посветеноста на полициските службеници кои ги спроведуваат овие акциски контроли, како и на тимот кој раководи со акцијата и од нив очекувам иста посветност и професионалност и во наредниот период, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На прашањето дали ова намалување можеби се должи и на намалениот сообраќај поради пандемијата, Спасовски одговори децидно не, поткрепувајќи го тврдењето со тоа што во април и мај кога имаше и полициски час имало повеќе сообраќајни незгоди отколку во периодот на интензивни есенски сообраќајни контроли.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработил без јавен оглас и одобрение од Финансии – кривична за директор на основно училиште во Липково

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Повредени 24 луѓе, спасени екипажи, патници, деца – силно невреме мина низ Сплит

Дејан Дејан

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе