Вести Македонија

СДСМ: ОЈО да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Надлежното јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини од реалните цени, бараат од СДСМ.

„Општина Битола и општина Велес, раководени од ВМРО – ДПМНЕ набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација, по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните. Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, а општина Велес купила иста таква машина по цена 40.000 евра повисока од реалната. Од друга страна општина Илинден набавила таква машина по три пати пониска цена од набавките во Велес и Битола“, се вели во соопштението на СДСМ.

ВМРО – ДПМНЕ: Иста таква машина за бележење за која обвинува СДС, набавила и општина Струмица, не за две туку за 15 илјади евра, во чии џебови завршиле парите

„СДСM брутално лаже за набавката на машините за бележење сообраќајници, одејќи со наратив дека е голема афера, а всушност станува збор за домаќинска набавка“, демантираат од ВМРО – ДПМНЕ.

„СДСМ вели дека таквата машина можела да се набавки за (цитираме) „две до три илјади евра“. Еве и да речеме дека е така, во прилог е линк на набавка на таква машина која ја направила општината Струмица каде градоначалник е Коста Костадинов од СДС. Таквата машина е набавена за сума од 15 илјади евра, или за 6 пати повисока од таа што тврди СДСМ дека може да се набави. Оттука следствено на тоа ќе ги поставиме истите прашања кои ги поставува СДС“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе