Вести Македонија

Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје

 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје. Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен, соопштија од МВР.

– Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава. Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, стои во соопштението.

Инаку, на терен можеше да се видат повеќе возила на полицијата и полициски службеници.

Лажни дојави за бомби имаше во НБРСМ и минатата година, како и во многу институции и училишта.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе