По повод 9. Декември- Мегународниот ден за борба против корупција, Скопје осамна со транспаренти, чија содржина укажува на присуството на корупцијата во нашето општество. Вкупно 8 транспаренти со фиктивни содржина, но базирани на реалноста во која живееме, се поставени на исто толку локации, кои се адекватни на содржината од транспарентите.
Автори на овие транспаренти се група активисти од главниот град.













