Вести Македонија

Приведени двајца прилепчани при кражба во велешко село

Двајца прилепчани биле приведени при кражба во велешко село, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа во 22.30 часот во село Мартолци, полициски службеници од Одделение за крим полиција при СВР Велес ги лишиле од слобода Б.Н., на возраст од 33 години и А.С., на 31-годишна возраст, двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати од страна на полициски службеници при кражба во куќа во селото, наведуваат од МВР.

Б.Н. и А.С. биле задржани во полициска станица.  Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе