Вести Македонија Топ вести

Црната листа на САД влегува во македонското законодавство

Црната листа на САД влегува во македонското законодавство. Министерството  за надворешни работи до владата ќе предложи измени на Законот за рестриктивни мерки со кои за македонски граѓани кои ќе се најдат на американската црната листа владат ќе преземе обврска веднаш да постапи, односно да ги побара доказите за таквата одлука и да ги достави до македонското обвинителство. Ова денеска на брифинг за новинарите како дел од јавната дебата за измените на Законот го сопшти шефот на дипломатијата, Бујар Османи.

Покрај Совет за безбедност и ЕУ, сега и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување на рестриктивни мерки“, изјави Османи.

Со измените се проширува и основот по кој ќе може да се воведуваат санкции. Па така освен загрозувањето на меѓународниот мир и меѓународната безбедност, почитување на човековите права и основните слободи и развој на демократијата и владеењето на правото, ќе се санкционира и корупцијата, органзиираниот криминал, злоупотреба на службена должност и хибридни закани против државата.

Предвидено е да се прошири и листата на институции кои ќе можат до владата да предложат воведување рестриктивните мерки, па освен МНР, на списокот ќе се најдат и АНБ, Агенцијата за разузнавање и Управата за финансиско разузнавање, по што доказите за таквото барање веднаш треба да му бидат доставени на обинителството.

„Јавното обвинителство законски се обврзува веднаш да почне кривична постапка, вклучувајќи и конфискација на имот. И доколку заврши таа истрага со подигнување на обвинение тогаш се воведуваат два нови инструмени, а тоа е времено престанување на вршење на јавна функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки се до правосилна судска одлука“, изјави Османи.

и конфискација на имот да започне веднаш постапка и доколку заврши со обвинение – времено спречување на вршење на јавна функција и забрана за учество во постапките за јавни набавки доколку се работи за правни субјекти“, изјави Османи.

За измените на законот биле консултирани експерти од Министерството за правда кои на предлагачот МНР му посочиле дека одредени одредби се спротивни на Европската конвенција за човекови права, во делот на пресумпцијата на невиност, но од МНР се уверени дека мерката за времено оддалечување од вршењето на јавна функција или учество во тендери, како рестриктивни мерки до правосилна пресуда, ќе поминат.

Во владата, како што вели Османи, пости расположение измените на законот да бидат одобрени, а во Собранието би оделе по забрзана постапка, најверојатно со европско знаменце, за да бидат усвоени пред изборот на техничката влада.

Инаку измените на Законот за санкции следи по три дополнувања на црната листа на САД со македонски граѓани во изминатите две години, односно откако на неа се најдоа поранешнот премиер Никола Груевски и екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисмените Орце Камчев, Сергеј Самсоненко, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, но и по најавата од американската амбсадорка во земјава, Анџела Агилер, дека на листата ќе се најдат и други имиња.

Тамара Грнчароска

Фирмата на Мијалкови ги купила конфискуваните станови на Мијалков, за Телма потврди директорот на Агенцијата за управување со одземен имот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе