Вести Македонија

Партиски подготовки за избор на кандидати

Се прават внатрепартиски анкети, се анализираат рејтинзи, се компарираат можните кандидати. ВМРО ДПМНЕ пресмета дека има уште две недели за да ги избере своите кандидати за министри и заменици чија главна задача, според лидерот Мицкоски, ќе биде да ја заштитат волјата на народот. Не демантира дека Наќе Чулев е можен кандидат во ресорот Внатрешни работи, но смета дека е рано да се утврдуваат имињата.

-Не очекувам да се разговара за кадровски решенија. Очекувам прво одлука дали ВМРО ДПМНЕ ќе биде дел од Техничката Влада. Мојот став го знаете – треба да бидеме дел од таа Влада и треба да предложи кадровски решенија, изјави Христијан Мицкоски.

СДСМ уште пред Нова Година ги утврди своите кандидати за Техничката Влада. Сега почнува постапка за избор на претседателски кандидат. Може да биде предложен од општинските организации или да се самокандидира, може да не е член на партијата, но сите треба да уживаат доверба и општествен углед.

-Да ги делат вредностите на социјалдемократијата, да ги почитуваат посебностите на сите наши граѓани без разлика на верска и етничка припадност и да се обврзат на неуморна работа за меѓународниот углед на татковината и исполнување на уште една стратешка и национална цел: членство во ЕУ, вели портпаролката на СДсм Богданка Кузевска.

И во Европскиот сојуз за промени се бира најсоодветниот кандидат за претседател. Паралелно, се преговара за проширување на Сојузот со други партии и невладини организации, меѓу кои е и Алијанса за Албанците.

-При крај се преговорите со Таравари. Интензивно преговараме, но одлуката треба да ја донесат тие во партиските тела на Алијанса. Очекуваме наскоро да имаме таква одлука. Што се однесува до претседателскиот кандидат, имаме одлука да имаме наш кандидат. Сигурно ќе биде интелектуалец, инклузивен, којшто достоинствено ќе ги претстави Албанците на претседателските избори. Имало разговори со г-динот Руфи Османи, ќе има и со други…, рече  Изет Меџити.

Изборите треба да се распишат околу 28 февруари. Еден месец пред тоа, Собранието треба да ја избере Пржинската Влада. Од 22 до 28-ми ќе се констатираат оставките на премиерот Ковачевски и на Талат Џафери, кој треба да го замени и да предложи нов владин состав, во кој ќе партиципира опозицијата.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Независните бараат од 20 до 100 потписи за кандидирање во општина

Дејан Дејан

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Граѓаните потрошиле 30 отсто повеќе пари, а купиле 7 отсто помалку прехранбени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе