Вести Македонија Најважни

Хекуран Асани ги исполнува условите за нов директор за М- НАВ

Владата цел ден се обидува да најде нов директор за М- НАВ кој ќе ги исполнува условите. Хекуран Асани е најновиот предлог. Промената дојде  откако стана јасно дека Илир Мехмеди, не ги исполнува условите. Прво доаѓа од редовите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, а не од македонската навигација.  Нема валидна дозвола за надзорен контролор за летање ниту пак има шестгодишно работно искуство како контролор, нешто што се бара со член 17 од статут на македонската навигација. А интересно е и тоа што додека директорувал со Агенцијата за цивилновоздухопловство  ревизорите констатирале  трошења на пари.

Новопредложениот Асани е активен контролор на летање во М- НАВ и според информациите ги исполнува условите да раководи со институцијата.

На денешната седница се даде препорака за разрешување на досегашниот претседател и директор на М- НАВ Фахрудин Хамиди како и на директорот на воздухопловната техника Љубе Стаменковски.

На местото на Стаменковски доаѓа Милан Кораќ. По ова од синдикатот на М- НАВ, соопштија дека го ставаат во мирување штрајкот што го најавија за утре со делумно затворање на македонското небо. Но дека ќе го следат спроведувањето на владината одлука.

Од друга страна пак Владата освен што препорача  АЦВ да продолжи со вонредните контроли, го задолжи инспекторатот за труд да го провери работењето на синдикалните организации во М- НАВ.

Денеска и финансиската полиција влезе во македонската навигација за да се утврди дали има сомневање на кривични дела.

Во М-НАВ подолго време има проблеми. Но, состојбата ескалираше минатата недела кога група напаѓачи влегоа во М- НАВ и вербално и физички нападнаа неколку контролори на летање. Групата ја предводеше високиот функционер на ДУИ Беким Незири.

Ирена Чачкова

Финансиска полиција влезе во М-НАВ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе