Вести Македонија Најважни

Делегацијата на ЕУ во Скопје со загриженост ги следи случувањата околу М-НАВ

Делегацијата на Европската унија со загриженост ги следи случувањата околу М-НАВ.

Оттаму велат дека императив е именувањата во националниот давател на услуги за воздухопловна навигација и поврзаните услуги, исто како што треба да важи и за другите институции, да се засноваат на заслуги, квалификации и искуство.

Потсетуваме на фактот дека Северна Македонија се обврза да го имплементира законодавството на Европската унија што се однесува на давателите на услуги за воздушна навигација.

Ова вклучува одредби со цел за да се обезбеди независност на давателите на услуги за воздушна навигација од државата, дека персоналот – особено контролорите на летање – ги исполнуваат законските барања за такви работни места, и дека обезбедувањето на услугата ги почитува целите во однос на безбедноста, економичноста, капацитетот и животната средина, соопштија денеска од делегацијата на Европската унија во Македонија.

Оттаму очекуваат државните власти брзо да ги истражат наводите за кронизам во вработувања во овие служби.

Исто така, од делегацијата на ЕУ очекуваат државните власти да ги истражат несоодветните надворешни влијанија, како и насилство врз персоналот што работи во М-НАВ.

Претседателот на синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, пред неколку дена беше повикан во седиштето на делегацијата на Европската унија во Скопје на разговор околу обвинувањата на синдикатот за несоодветни вработувања во македонска навигација.

Хекуран Асани нов предлог на Владата за директор на М-НАВ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе