Дел од синдикатите во министерството за внатрешни најавуваат протести. Бараат повисока плата за 15 насто, почнувајќи од јануари.
Дополнително, од синдикатот на полицијата велат дека не се откажуваат од барањето еден бод да изнесува едно евро, во пресметките за платите на полициските службеници.
Синдикалците се жалат и на притисоци и суспензии на неистомисленици во редовите на полицијата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.