Вести Македонија Топ вести

Повторно ниту еден врховен судија не се пријави да стане член на Судски совет

Столчето во Судски совет наменето за врховен судија останува и понатаму празно. Уште еден оглас пропадна и ниту еден врховен судија не се пријавил да биде член на ова тело, дознава Телма.

Мирјана Радевска Стефкова последна го претставуваше највисокиот суд во судски, но таа си поднесе оставка по скандалите со разрешувањето на Весна Дамева.

По неа се пријави врховниот судија Наке Георгиев, кој во последен момент пред да даде заклетва се повлече за да може советот да го избере за судија неговиот син со завршена академија. Од тогаш судски објавува огласи, за кои по 15 дена констатира дека никој не се пријавил.

Извори за Телма велат дека дел од судиите се резервирани поради превирањата во судски, но и неизвесноста од тоа какви промени ќе се случуваат во ова тело, за чија реформа предлози деваа и експерти од ЕУ, испратени како оценска мисија.

Врховен се соочува со недостаток на судии. Според веб страната вкупно има 14 судии без претседателката. Две врховни судијки годинава заминуваат во пензија, но надеж дека состојбата ќе се поправи е последниот оглас објавен во декември со кој се бараат 6 судии.

Лани во март судски избра само двајца, иако распиша оглас за четворица судии и со тоа ја продолжи агонијата на највиоскиот суд, кој во тој момент остана само со 5 судии кривичари. Овој избор, односно не избор на врховни судии, беше и една од забелешките кои Радевска Стефкова ги наведе во оставката која ја прочита и јавно.

Кулминација во релацијата Судски – Врховен беше иницијативата за разрешување на претседателката Беса Адеми затоа што не доаѓала на седници по контроверзното разрешување на Дамева, и затоа што не се одзвала на нивната прва покана по интревјуто во кое говори за политички притисоци врз судиите.

На последниот ден од годината Адеми седна пред комисијата во судски и се соочи со иницијаторот за нејзиното разршеување, Милјазим Мустафа, со порака дека исходот на постапката ќе ја одреди иднината на судството.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе