Кошарка Спорт

Лејкерс тонат од натпревар во натпревар, Бостон сигурен, Денвер загуби во Орландо (ВИДЕО)

Лос Анџелес лејкерс имаа добар почеток на сезоната па дури и го освоија премиерниот НБА-куп, но од триумфот во Лас Вегас паднаа во голема резултатска криза. Леброн Џејмс и дружината утринава загубија од Мемфис на домашен паркет со 113-127. За Лејкерс тоа беше 10-ти пораз на последните 13 натпревари.

Леброн Џејмс имаше 32 поени, а Ентони Дејвис постигна 31. Кај Гризлис, Џарен Џексон Јуниор имаше 31 поен, Маркус Смарт постигна 29 поени, а над 20 поени имаа и Џа Морант и Дезмонд Бејн.

Најдобриот тим во лигата Бостон ја победи Јута со 126-97 предводен од Џејсон Тејтум со 30 поени. Уште петмина кошаркари на Селтикс имаа двоцифрен ефект во нападот.

Минатиот натпревар Никола Јокиќ погоди тројка од речиси половина терен за победа на Денвер против Голден Стејт, но утринава Џамал Мареј ја немаше таа среќа па шампионот загуби на домашен паркет од Орландо со 120-122. Српскиот центар имаше 29 поени, а кај Меџик младиот Паоло Банкеро го запиша првиот трипл-дабл во кариерата со 32 поени, 10 скока и 11 асистенции.

На останатите натпревари, Далас и без Лука Дончиќ во тимот го победи Портланд со 139-103. Победи остварија и Индијана, Бруклин, Кливленд, Њујорк, Чикаго, Минесота, Голден Стејт, Феникс и Сакраменто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе