Uncategorized Вести Македонија Најважни

Кој е Пајазит Пајазити, судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ

Krivicen sud

Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка кој не одреди притвор за групата која упадна во М-НАВ предводена од Беким Незири.

Тој е заменик претседател на Кривичниот суд а во времето кога Груевски беше во бегство беше судија за санкции кој ја носеше одлуката за издрживање на казната затвор.

Судскиот совет одлучи тогаш дека нема пропуст кај судијата Пајазити кој му даде покана за затвор на Груевски.

Пајазити бил дежурен во судот цела недела согласно распоредот во Кривичниот суд.

Се очекува жалба на Обвинителството кое бараше притвор.

Беким Незири може да оди и на работа во М-НАВ бидејки е на територија на Скопје, а тој и останатите тројца имаат само мерки за ненапуштање на живеалиште. Беким Незири може да оди и на работа во М-НАВ бидејки е на територија на Скопjе а тој и останатите тројца имаат само мерки за ненапуштање на живеалиште oбврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, oдземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетениот како и меѓусебна комуникација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе