Демократската унија за интеграција- ДУИ по случувањата во М-НАВ соопштија денеска дека силно ја осудуваат секоја форма на насилство и безбедноста на сите граѓани е најважна за нив. Оттаму посочуваат дека настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност.
„Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот. Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.
Од ДУИ ја осудија и „тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа“. Од партијата додаваат дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставуваат на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите.
Координаторот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, Беким Незири ги отвори вратите на радарската кула и им дозволи на насилниците да влезат во зградата на М-НАВ. Тој со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.